Остра порака од Египет: Тоа е црвена линија, масовното преселување е исто како „објавување нова војна“

Каиро – Египетскиот премиер Мустафа Мадбули ги отфрли плановите за преселување на раселените Палестинци од Појасот Газа на египетскиот Синајски Полуостров, јавува Би-Би-Си.

За време на посетата на Синај, тој порача дека ниту еден регионален конфликт не треба да се решава на сметка на Египет. Претходно, планот го отфрли и портпаролот на палестинскиот претседател Набил Абу Руденех, кој рече дека палестинската управа е против преселба на кое било место.

„Сметаме дека тоа е црвена линија што нема да дозволиме да се помине“, рече тој, додавајќи дека масовното преселување ќе биде еднакво на „објавување нова војна“.

Израелското Министерство за разузнавање подготви воен предлог за преселување на 2,3 милиони жители на Појасот Газа на египетскиот Синајски Полуостров, но канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху го отфрли планот, нарекувајќи го „хипотетичка вежба“ и додаде дека тоа е само концепт на хартија.

Со затворени сите израелски премини кон Газа, цивилите потенцијално можат да го напуштат Појасот Газа само преку граничниот премин Рафа, контролиран од Египет.