ОСТРИ ЗАКАНИ ОД БЕЛГРАД – Ивица Дачиќ: “Србија да сака војна, ни милион ‘Javelin’ нема да му помогнат на Косово!“
Министерот за надворешни работи на Србија со технички мандат, Ивица Дачиќ, изјави дека Србија нема намера да води војна, но ако сака, „ни милион Javelin не би му помогнале на Косово“.
Ивица Дачиќ ова го изјави на TV Pink како одговор на најавата на американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, дека САД ќе го снабдуваат Косово со против-тенковски системи Javelin.
„Ова е долгорочно стратешко партнерство за да се помогне независноста на Косово. Треба да се земе предвид сето она што се случува од 1999 година. Па, токму САД, но и други, ја вооружија ОВК. И сега го прават истото“, вели Ивица Дачиќ.
„Целта на вооружувањето на Косово е да се зајакне независноста на Косово преку зајакнување на неговите безбедносни структури“, вели Ивица Дачиќ и додава дека тоа е во спротивност со резолуцијата 1244, но Србија нема како да се спротивстави.
Ивица Дачиќ вели и дека е крајно време Србија да одлучи дали Косово е нејзино национално прашање. Тој ја критикуваше Српската православна црква што ја одбила посетата на папата на Србија и посочи дека Ватикан се уште не ја признал независноста на Косово.
„Важно е да ја задржиме поддршката од Ватикан“, вели Ивица Дачиќ и додава: „Србија мора да ги развива односите и со оние земји кои ја признаваат независноста на Косово и веќе работат на нејзино унапредување, дури и вооружување. Мораме затоа што сакаме да ги зачуваме мирот и стабилноста“.
Кога станува збор за односите со Русија, Ивица Дачиќ ја коментираше и изјавата на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој кажа дека „Србија е руски претставник“. Ивица Дачиќ вели дека единствена причина за ваквата изјава може да биде тоа што Србија не воведе санкции кон Русија.