Отворање на пристапни преговори со Украина и со Молдавија, кандидатски статус за Грузија – одлуки на Европскиот совет

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел пред малку на Твитер објави дека Европскиот совет одлучил да се отворат пристапни преговори со Украина и со Молдавија.

Засега не се познати детали кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција, ниту кога ќе биде усвоена преговарачката рамка.

Исто така, статус на кандидат доби и Грузија, а ЕУ ќе отвори преговори со БиХ кога ќе биде постигнато потребното ниво на ускладеност со критериумите за членство.