Отворена изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“

– Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија денеска беше отворена изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“, подготвена по повод 80-годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија, од Државниот архив на Република Северна Македонија во соработка со Институтот за национална историја – Скопје.

На отворањето на поставката присуствуваа претствници од јавната сфера, академската заедница, од верските заедници, дипломатскиот кор и други гости. Од име на Влдата на изложба присуствуваше Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

Изложбата е организирана од Државниот архив на Република Северна Македонија и од Институтот за национална историја и се состои, според информациите од организаторите, од 19 изложбени паноа, на коишто има претставено повеќе од 200 документи и фотографии, најголем дел од архивските фондови на Државниот архив, а поврзани со периоди од животот и функционирањето на Евреите во нашата држава.