Отворен тестаментот на Берлускони: Италијанскиот тајкун ги подели милионите а им остави и последна порака на децата (фото)
Во присуство на членовите на семејството беше отворен тестаментот на покојниот италијански премиер и магнат Силвио Берлускони.
Секое од неговите пет деца доби подеднаков дел од расположливиот имот на компанијата на Берлускони ,,Финиинвест”.
Неговата партнерка Марта Фацини и братот Паоло Берлускони добија ,,аманет” од 100 милиони евра. Триесет милиони му беа дадени на поранешниот сенатор и негов личен пријател Марчело Дела Утри, кој рече дека е шокиран од гестот.
Така, поголемиот дел од компанијата „Фининвест“ им припаѓа на неговите најстари деца, Пјеро Силвио и Марина, кои, со оглед на нивниот удел од порано, сега заедно имаат 53 отсто од компанијата со еднакви акции.
Остатокот од имотот е исто така поделен на децата според истата шема – расположливиот дел во еднакви делови плус нивниот дел од имотот од порано.
Одлуката за ,,Фининвест” и капиталот е донесена уште во 2006 година. Берлускони го напиша својот тестамент на 2 октомври на страниците на неговата тетратка. На еден лист има 11 реда, а на другиот десет.
Во 2020 година, Берлускони додаде одредби во корист на неговиот брат.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Берлускони во 2006 година решил расположливиот дел од својот имот да го префрли на своите две првородени деца за да обезбеди рамнотежа бидејќи во тој период тој сè уште бил во брак со Вероника, со која ги добиле ќерките Барбара и Елеонора и синот Луиџи.
Холографскиот тестамент оставен од Силвио Берлускони не содржи детали за неговиот имот или вреднување на целиот негов имот, кој покрај ,,Фининвест” вклучува многу згради и вили.
Берлускони оставил и писмо за децата.
– Ви благодарам, многу љубов до сите вас, вашиот татко – напишал Берлускони.
Се огласи и компанијата ,,Финиинвест”.
– Марина Берлускони, претседател на Одборот на директори и Пјер Силвио Берлускони, Барбара Берлускони и Луиџи Берлускони, директорите, откако го прочитаа тестаментот на нивниот татко Силвио Берлускони, ја информираат јавноста дека никој нема да има индиректна единствена контрола врз стопанството кое претходно го држеше нивниот татко – се наведува во соопштението за медиумите.