Саша Мирковиќ проговори за потенцијално помирување со Ана, а потоа ги наброја сите услови за можен компромис: Прво да ми се извини! (фото)

Војната меѓу поранешнитњ соработници не стивнува со денови. Саша Мирковиќ и Ана Николиќ се главна тема на медиумите, а секојдневно се појавуваат нови информации и детали за нивниот начин на работа.

По неколкудневната кавка со Мирковиќ, Ана евоцираше спомени и се присети на нивниот прв обид за соработка кога разговорот траел само 10 минути и тогаш Ана сакала да скокне од автомобилот кој бил во движење.

Откако ја раскажала анегдотата, рекла дека нема да биде изненадена и дека се помирува, но очигледно никој не ја сфатил пејачката сериозно.

Саша Мирковиќ со денешното соопштение спомена и потенцијално помирување, но и услови за истото:

-Прво треба да се извини и да каже кој ја натерал да напише дека сум нечовек и зошто го напишала, па потоа да разговараме – напиша Саша.

Дали двајцата ќе ги ,,закопаат секирите” или навистина ќе се сретнат на суд, како што изјавија, останува да видиме.