Откажани концертите на Тејлор Свифт во Виена поради закани за напад, уапсени двајца мажи кои се заколнале на верност на ИСИЛ, едниот е со потекло од Македонија
Сите три концерти на Тејлор Свифт во Виена се откажани по заканите за напад откако полицијата уапси двајца осомничени, јавува Би-Би-Си.
Тејлор требаше да настапи во Виена на 8, 9 и 10 август. Илјадници фанови планираа да отидат на стадионот Ернст Хапел за да уживаат во настапот на омилената пејачка.
Едниот осомничен има 19 години и е уапсен во Терниц, додека другиот е уапсен во Виена. Франц Руф од МВР изјави дека 19-годишникот се заколнал на верност на ИСИЛ.
Се верува дека тој се радикализирал на интернет. Тој изјави и дека се одземени хемиски супстанци и не откри повеќе детали.
Шефот на виенската полиција Герхард Пурстл изјави дека опасноста е минимизирана, но дека откажувањето на концертите е оправдано. Организаторите им порачаа на фановите дека парите за влезниците ќе им бидат вратени во следните 10 работни дена.
Шефот на виенската полиција Герхард Перстл рече дека очекуваат приближно 65.000 луѓе да присуствуваат на секој нејзин концерт. Очекуваа и околу 22.000 навивачи надвор од стадионот.
Од полицијата најавија дека ќе се врши видео надзор. Ќе го следат и воздушниот простор. Истрагата продолжува.