Откако Албанката ги налути Србите, Милица Паволовиќ ѝ покажа заби: Таа застана во одбрана на Ѓоковиќ и веднаш ѝ се закани на колешката! (фото)

Рита Ора, која своевремено ги налути Србите кога рече дека бара компанијата „Епл“ да го вклучи Косово на мапата како независна држава, предизвика бурни реакции кога објави видео на кое мавта со раката кога го виде најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ кој денеска на 16 јули играше во големото финале на Вимблдон.

Пејачката со албанско потекло, која моментално живее во Англија, се снимала себе си пред дигитален билборд каде ја чекала рекламата за нејзиниот нов албум, а кога се појавила сликата на Ноле само замавнала со раката и ја свртела главата.

Под видеото, покрај коментарите на обожавателите кои ги пофалија нејзините нови песни, имаше и такви кои му испратија поддршка на Новак Ѓоковиќ: „Ноле е крал“, „Еден е Ноле“, „Прво Ноле па сè друго“, а на сето тоа одговори и пејачката Милица Павловиќ.

Таа на својот Инстаграм сподели кадар од видеото на Рита, кое го објави на својот профил на TikTok и ѝ порача: „Леле колешке, ако ти дојдам“.