Откако ја убил сопругата со бормашина, ќерката се спасила “за влакно”! Семејната трагедија во Нови Сад за малку не станала поголема – соседите открија нови детали од грозоморното злосторство
Страшното злосторство кога мажот (55) со бормашина ја убил сопругата (52), а потоа се обидел да се самоубие скокајќи од мостот во каналот ДТД, пред два дена ја потресе цела Србија.
Соседите, шокирани од убиството, сведочеле дека двајцата биле хармоничен пар, и дека никој не можел да претпостави дека ќе се случи ваква трагедија.
Но, соседите на новинарите им открија дека не живееле во таква хармонија.
Имено, откако го извршил делото, мажот се врзал со синџири и се обидел да скокне од мостот, но припадниците на речната полиција успеале да го извлечат само со премрзнатини и без поголеми повреди.
„Имаше тешко детство“
Како што раскажуваат соседите за Република, тој не живеел во хармонично семејство, туку токму во тоа семејство се случило злосторството.
Имено, соседите откриле дека тој израснал во дом за напуштени деца кога татко му ја убил мајка му, а потоа отишол во затвор.
Слушнавме дека татко му ја убил мајка му уште додека бил дете – рекле соседите.
Инаку, брачната двојка имаше возрасни ќерки на 19 и 24 години, кои многу тешко ја поднесоа семејната трагедија.
Наводно, по убиството, тој и се јавил на својата постара ќерка и и кажал за делото, по што таа за малку ќе предизвикала несреќа додека доаѓала во семејниот дом.
Дали беше љубоморен?
Иако никому не му е јасно зошто мажот ја убил сопругата на толку свиреп начин, па дури и неговата сестра побарала да се слушне со него и да го праша зошто го направил ова, се појавија нови информации.
Имено, медиумски извори тврдат дека тој во последните неколку дена ја следи сопругата, тајно ја фотографирал и користел уреди за слушање.
Да потсетиме, тој прво со удари ја онесвести сопругата, а потоа и ја прободе главата со бормашина.
Се огласи и обвинителството
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад се огласи за бруталното убиство на жена (52).
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад заедно со припадници на Полициската управа во Нови Сад изврши увид на лице место, а меѓу другото издадена е наредба телото на починатиот да се пренесе во Центарот за судска медицина во Нови Сад, каде што е наредена обдукција, бидејќи ќе се утврдува точната причина за смртта.
Обвинителството делото го оквалификува како кривично дело тешко убиство, бидејќи постои сомнение дека е извршено на свиреп и подмолен начин, а за кое се заканува казна доживотен затвор – соопшти В.Ј.О.