ОТКРИВАЊЕ НА РИЗИК – Едноставен тест од 20 секунди може да предвиди мозочен удар

Еден тест од 20 секунди може да открие многу за мозокот на една личност, па дури и да предвиди можен мозочен удар.

Мозочниот удар е ненадејно невролошко нарушување предизвикано од нарушување на циркулацијата во мозокот што доведува до недоволно снабдување на одредени делови од мозокот со кислород и хранливи материи. Поради недостаток на кислород и хранливи материи, доаѓа до оштетување и смрт на нервните клетки во погодените делови на мозокот, што се манифестира со оштетување на функциите контролирани од овие делови на мозокот.

Луѓето кои не можат да застанат на една нога најмалку 20 секунди имаат поголем ризик од мозочен удар или оштетување на мозокот, потврди едно истражување. Истражувањето објавено во магазинот Satoke било спроведено на 1.400 испитаници, а сите мерења биле направени додека испитаниците стоеле боси, со двете раце до телото.

Утврдено е и дека луѓето со благо когнитивно оштетување, особено оние со Алцхајмерова болест, се склони кон нестабилност додека стојат на едната нога.

„Откривме и дека околу една третина од луѓето со повеќе од две лезии на мозокот имаат проблеми со рамнотежата. Гледајќи ги пациентите со само една лезија на мозокот, 16 отсто од нив имале проблеми со рамнотежата“, велат тие.

Списанието посветено на Алцхајмеровата болест објави дека нерамнотежата при стоење на едната нога предвидува поголема стапка на когнитивно опаѓање.

Лезијата значи дека мозочното ткиво покажува оштетување од повреда или болест и предизвикува широк спектар на симптоми, вклучувајќи слабост или сензорни нарушувања.

Мозочната лезија може да биде трага оставена од некоја траума што ви се случила во минатото. Тие можат да бидат и резултат на некоја бенигна (безопасна) состојба. Понекогаш, дури и по детална анализа, причината за лезијата останува непозната.

Повеќето лезии на мозокот имаат карактеристичен изглед кој може да му помогне на лекарот да ја открие причината, а со тоа и во идниот третман. Дополнителни тестови се неопходни кога станува збор за лезија чија причина не може да ја утврди лекарот врз основа на снимката.

Тие често се предизвикани од инфекција, повреда, изложеност на одредени хемикалии, но и проблеми со функционирањето на имунолошкиот систем.