ОТКРИЕНА ВРСКАТА НА ПОЛИЦАЈКАТА И СУДИЈКАТА СО УБИЕЦОТ НЕРМИН? Еве како биле поврзани со МОНСТРУМОТ од БиХ
Откриена врската на полицајката и судијката со убиецот од Градачац.
Монструмот од Градачац, Нермин Сулејамновиќ , во петокот ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, чија ликвидација ја пренесувал во живо на својот Инстаграм профил, а потоа убил уште 2 жртви татко и син.
Роднините на Низама Хеќимовиќ и граѓаните на Градачац тврдат дека полицајката го известила Сулејмановиќ дека неколку дена претходно сопругата го пријавила за насилство, како и дека наводно му ја открила адресата на која се крие, и дека таа била негов доушник (информатор).
Исто така, по пријавата на Низама за насилство, МУП поднесе барање до судот во Градачац да му се изрече забрана за приближување на Нермин, но судијката Лејла Нумановиќ го одбила тој предлог.
Се наведува и дека убиецот бил личен тренер на полицајката Џенана С. и судијката Лејла Нумановиќ и дека со нивна помош Сулејмановиќ се впуштил во крвав пир. Исто така, се наведува дека тој бил дури и во емотивна врска со полицајката, како и дека двете „соработувале“ со Нермин од лични причини.
Оваа информација се уште е неофицијална, но доколку се покаже како вистинита, и двајцата ќе сносат голема одговорност. Инаку, и полицајката и Лејла се на мета на јавноста, а граѓани од целиот регион со денови преку социјалните мрежи упатуваат бројни закани и клевети до нив.