Откриена причината за експлозијата на мостот Нијагара: ФБИ се сомневаше за тероризам, еве што се случило

Претходно, Федералното биро за истраги (ФБИ) објави дека инцидентот се истражува како обид за терористички напад!

Експлозијата на мостот „Виножито“ што ги поврзува САД и Канада кај Нијагарините водопади најверојатно била предизвикана од невнимателно возење, јавува Ројтерс повикувајќи се на извори блиски до истрагата.

Претходно, Федералното биро за истраги (ФБИ) објави дека инцидентот се истражува како обид за терористички напад.

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден е информиран за инцидентот на граничниот мост и внимателно ја следи ситуацијата.

Американските медиуми претходно објавија дека две лица загинале во експлозија на автомобил на мостот Виножито, во близина на Нијагарините водопади, кои ги поврзуваат САД и Канада.

Се појави и видео од моментот на експлозијата.