Неодамна е откриена нова, досега непозната слика на италијанскиот ренесансен сликар Рафаел Санти, на која е претставена Марија Магдалена, објавија експертите денеска на меѓународна конференција во Пергола, град во централната италијанска провинција Пезаро и Урбино.
Ansa наведува дека се работи за уметничко дело, за кое модел била Кјара Фанчели, насликана на плоча од топола со димензии 46 на 34 сантиметри и датира од 1504 година. Тој е во сопственост на приватен колекционер и експертите проценуваат дека навистина е насликан од Рафаело.
Анса наведува дека верзијата на овој портрет на Марија Магдалена ја насликал сликарот Перугино, учителот на Рафаел, но новите информации укажуваат дека новооткриениот портрет на Рафаел е уште постар од оној што го насликал неговиот учител.
Верзијата на Рафаел се смета за стилски и технички супериорна, а на неа се гледаат суптилни влијанија од Леонардо да Винчи. Исто така, се вели дека употребата на пропорции во портретот сугерира дека Рафаело „конечно го пронашол својот јазик“ и го надминал својот учител.
Експертите веста за откривањето на новата слика ја објавија на конференцијата „Визијата за совршенството на Рафаел Санти“, пред објавувањето на студијата за неговиот придонес во уметноста, која ќе биде насловена „Рафаеловата Магдалена, кога ученикот ќе го надмине учителот“.
Spunta un nuovo dipinto di Raffaello: una Maddalena con il volto di Chiara Fancelli, moglie del Perugino. L’opera, su tavola di pioppo da 46 cm per 34 cm, del 1504 è stata attribuita all’artista urbinate da un pool di studiosi #ANSAhttps://t.co/fdbqjvBkvM
— Agenzia ANSA (@Agenzia_Ansa) September 17, 2023