Мет Гала е дефинитивно најочекуваниот моден настан на годината, кој собира многу светски ѕвезди на скалите на музејот Метрополитен.
Секоја година, Мет Гала со Ана Винтур како претседател на организацијата претставува интересна тема која носи раскошна презентација на модната историја.
За 2024 година, темата е „Заспани убавици: повторно будење на модата“. Изложбата ќе биде посветена на „заспани“ парчиња, односно заборавени креации и кревки облеки создадени во последните 400 години.
Институтот објави дека изложбата ќе вклучува предмети како корсети од 17 век и англиската елизабетанска ера, балска тоалета од Чарлс Фредерик Ворт, потоа познати креации на Кристијан Диор (вечерни фустани Џунон и Венера) и иконската креација „Ојстер Фустан од Александар Меквин.
За потсетување, темата на Мет Гала 2023 беше посветена на починатиот моден гигант Карл Легерфелд.