ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА НА МЕТЈУ ПЕРИ: Еве од што почина познатиот актер

Метју Пери починал од давење и последиците од консумирањето кетамин, пишува Daily Mail.

Портпаролот на округот на Лос Анџелес изјави: „Одделот за медицински преглед на округот Лос Анџелес (DME) утврди дека причината за смртта на 54-годишниот актер Метју Лангфорд Пери е акутното дејство на кетаминот. Фактори кои придонесуваат за смртта на г-дин Пери вклучуваат давење, коронарна артериска болест и ефектите на бупренорфинот (кој се користи за лекување на нарушување на употребата на опиоиди).”

Смртта се смета за несреќа.

Пери беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес на 28 октомври.