Откриени 33 мигранти во приколка од камион кај Старо Нагоричане

Триесет и тројца мигранти биле откриени од полицијата вчера во приколка на камион во близина на Старо Нагоричане.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера околу 11.15 часот  полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане дале знак за запирање на товарно возило „сканија” со велешки регистерски таблички, по што возачот застанал и го напуштил местото на настанот.

– При преглед во приколката биле пронајдени 33 лица мигранти – 25 од Сирија, пет од Конго, две од Ирак и едно од Нигерија, информира МВР кое презема мерки за расчистување на случајот.