ПУТИН ГРАДИ „АМЕРИКАНСКО СЕЛО“ ВО БЛИЗИНА НА МОСКВА: Откриено и зошто илјадници западњаци би сакале да се преселат во Русија (ВИДЕО)

Сосема неочекувано.

Илјадници западњаци сакаат да побегнат од радикалните либерални вредности , тврди рускиот адвокат за имиграција Тимур Беслангуров.

 Во Московската област во 2024 година ќе започне изградбата на „американско село“ за 200 семејства на конзервативни имигранти –  изјави адвокат за имиграција на седницата на Меѓународниот правен форум во Санкт Петербург.

– Во основа, тоа се православни христијани, Американци и Канаѓани кои од идеолошки причини сакаат да се преселат во Русија – рече тој.

Московската регионална администрација го одобри проектот, но потенцијалните мигранти сами ќе ја финансираат населбата, прецизира Беслангуров. Тој вели дека „американското село“ ќе се гради во Серпуховскиот регион, кој се наоѓа јужно од главниот град, пренесува РТ. Десетици илјади западњаци би сакале да се преселат во Русија , тврди адвокатот.

Причините се познати, тоа е наметнување на радикални лево-либерални вредности на Запад, кои во суштина немаат граници. Денеска имаат 70 бандери, утре којзнае уште што – рече Беслангуров на конференцијата.

– Многу луѓе не го разбираат ова и сакаат да емигрираат. Многумина ја избираат Русија, но се соочуваат со огромен број бирократски проблеми поврзани со несовршеноста на руските закони за имиграција. Една потенцијална група имигранти се традиционалистичките католици кои се „бели Американци со многу деца“, кои американската влада ги смета за екстремисти, рече Беслангуров.

Во меморандумот на ФБИ објавен во февруари, тој ги наведува „радикалните традиционалистички католици“  како потенцијални „расни или етнички мотивирани насилни екстремисти “ . Откако 19 републикански јавни обвинители побараа од федералната влада да престане со својот „антикатолички фанатизам“, ФБИ го отфрли документот.