JA ОБВИНУВААТ ДЕКА Е НИМФОМАНКА И ДЕКА ВО КРЕВЕТ ИМ ЈА УНИШТУВА КАРИЕРАТА НА СЛАВНИТЕ СПОРТИСТИ: Познат тенисер е новата „жртва“ на раскошната водителка

Познатата италијанска ТВ водителка Мелиса Сата предизвика невидена врева на Вимблдон.

Атрактивната девојка на познатиот италијански тенисер Матео Беретини во живо на Централниот терен го следеше неговиот меч со Карлос Алкараз и со својот изглед предизвика воздишки кај сите присутни.

За жал, не успеа да му донесе среќа на саканиот… Беретини во осминафиналето беше поразен со 3:1, а добар дел од јавноста во Италија ја гледа како најголем виновник за лошите резултати на големиот тенисер во тековната сезона.

Матео Беретини

Имено, некои медиуми сметаат дека провокативната Мелиса му носи лоша среќа на Беретини и дека таа сноси добар дел од вината за повредите кои во неколку наврати го оддалечија од терените.

Поради проблеми со мускулите го пропушти Мастерсот во Рим и Мадрид, а Италијанците тврдат дека раскошната водителка премногу го исцрпува со секс.

„Таа е виновна што не му оди, ѓавол е во женско тело, го истрошува со секс“, е еден од коментарите на објавата за натпреварот помеѓу Беретини и Алкараз во италијанските медиуми.

Мелиса има 38 години и е познато ТВ лице во својата земја, но сепак не се најде во центарот на вниманието на јавноста поради професионалните достигнувања, туку благодарение на бурните љубовни врски со успешни спортисти.

Од 2006 до 2011 година беше во врска со познатиот италијански фудбалер Кристијано Виери, а се шпекулираше дека имала афера со починатиот НБА ас Коби Брајант. Во една прилика камерите ја снимиле како доцна во ноќта влегува во хотелската соба на познатиот кошаркар и ја напушта во раните утрински часови. Наводно, вдовицата на Брајант, Ванеса, сакала да се разведе од славниот ас на Лејкерс поради тој скандал.

На почетокот на 2012 година, Мелиса стапи во врска со контроверзниот фудбалер Кевин Принс Боатенг , со кој две години подоцна доби син. Двојката се венча во 2016 година, а официјално се разведе во 2020 година.

Кога на почетокот на годината започна врска со 11 години помладиот тенисер, Мелиса се соочи со обвинувања дека му ја уништува кариерата на ист начин како со Виери и Боатенг.

“Тоа веќе се случи со мојот поранешен сопруг Боатенг кој имаше проблеми со стомакот. Ме нападнаа дека сме имале премногу секс и дека тоа е причината за неговите физички проблеми”, рекла Мелиса и додала.

„Повредата на Беретини беше таму во 2021 година кога не го ни познавав“.