Хапоалим проценува дека војната против Хамас може Израел да го чини 6,8 милијарди долари

Војната против палестинската милитантна група Хамас може да го чини Израел 6,8 милијарди долари, покажуваат прогнозите на една од најголемите израелски банки, Хапоалим.

Трошоците за војната го вклучуваат повикот за 300.000 резервисти кои мораа да ги напуштат своите работни места, што е најмасовната мобилизација од војната во Јом Кипур во 1973 година, потоа реконструкција на инфраструктурата, станбените згради и делови од армијата, како и сегашната годишните трошоци за рехабилитација на воените инвалиди и грижата за семејствата на загинатите борци.

Во анализата се наведува дека трошоците за војната ќе изнесуваат најмалку 1,5 отсто од БДП на Израел, што значи зголемување на буџетскиот дефицит за најмалку 1,5 отсто од БДП во наредниот период, наведува Банката Хапоалим.