Откриено е во која фаза е болеста на Кралот Чарлс и дали тој ќе се излечи!? (ФОТО)

Бакингемската палата вчера објави дека лекарите откриле рак за време на лекувањето на бенигната состојба на простатата на Кралот Чарлс.

Кралот Чарлс има рак и лекарите велат дека веруваат во позитивен исход што се однесува до понатамошниот третман.

Семејството и пријателите велат дека се воодушевени од неговата решеност да продолжи да ги извршува своите должности како што обично прави. Во овој момент се чини дека ракот е дијагностициран во рана фаза и дека прогнозата е добра, пишува DailyMail.

Во последните месеци, Чарлс често одел во замокот Виндзор во недела навечер за да помине време со принцот Вилијам, пишува The Sun, додавајќи дека таткото и синот стануваат се поблиски.

Бакингемската палата вчера објави дека лекарите откриле неодреден облик на рак за време на лекувањето на бенигната состојба на простатата.

Чарлс се јавил за да ги извести блиските членови на семејството, вклучувајќи го и отуѓениот син Хари, кој отпатува од Калифорнија во Велика Британија да го види својот татко.

Не е познато каде ќе престојува војводата од Сасекс кога ќе ја посети Велика Британија.

На Хари му треба претходна дозвола од Бакингемската палата за да остане на кралскиот имот. Британските медиуми потсетуваат дека тој минатото лето морал да ги врати клучевите од викенд куќата Фрогмор кога Хари и неговата сопруга Меган Маркл го напуштиле имотот. Неговото барање да остане во замокот Виндзор беше одбиено од палатата кога последен пат го посети Обединетото Кралство во септември, а Хари на крајот мораше да престојува во хотел.

Ова ќе биде прв пат тие да поминат значително време заедно во повеќе од 18 месеци. Кралските набљудувачи сега се прашуваат дали тоа би можело да навести „затоплување“ во односите.

Кралот Чарлс вчера во утринските часови пристигна во Лондон од својот имот во Сандрингам. Со него е и неговата сопруга Камила, а се очекува кралот да започне со лекување.

Камила одлучила да биде покрај својот сопруг, иако тој инсистирал да продолжи со работните обврски. Останатите членови на кралското семејство сега ќе мора да преземат некои должности, меѓу кои и принцот од Велс, кој наскоро ќе се врати на јавниот живот, иако неговата сопруга Кејт исто така има сериозни здравствени проблеми.

Додека ги откажува сите свои јавни ангажмани, Чарлс инсистира да продолжи со своите „црвени кутии“ или документи, а можеби дури и да организира, иако помалку, приватни тет-а-тет состаноци.

Дејли Мејл пишува дека кралот дознал за неговата дијагноза на почетокот на минатата недела, но инсистирал да оди во црква во Норфолк во недела и срдечно да се поздравува со граѓаните.

Камила, исто така, во средата инсистираше на отворање на новото одделение за рак „Меги“ во Лондон, иако знаеше дека нејзиниот сопруг ќе мора се лекува.

Таа внимателно им порача на граѓаните во Кралската слободна болница дека кралот „продолжува понатаму и дава се од себе“. Извор близок на палата изјави: „Тоа е нејзина заслуга. Таа беше прекрасна“, пренесува „Телеграф“.