Три намирници за природна борба против анемија! Јадете го само ова и заборавете на лекар (фото)

Слабост во мускулите и главоболка се првите знаци на анемија, но со зголемена исхрана со храна богата со железо ќе ја подобрите крвната слика.

Cлабост, главоболка, губење на силата, вртоглавица – сето тоа се симптоми кои укажуваат на анемија или омалаксаност.

Ако често се соочувате со овие знаци, дефинитивно треба да посетите лекар кој врз основа на анализа на крвната слика ќе знае дали се работи за сериозен облик на анемија или состојбата може да биде предизвикана од погрешна исхрана.

Во повеќето случаи, тоа е недостаток на железо, витамин Б12 или фолна киселина. Затоа исхраната треба да ја збогатите со состојки кои според советите на лекарот се природни лекови за анемија.

Cусам

Црниот сусам е одличен извор на железо, а еве како да го искористите сусамот во борбата против анемијата.

Потопете една лажичка сусам во вода и оставете да отстои два часа. Сусамот процедете го и изгмечете го за да направите паста. Додадете една лажичка мед и добро измешајте. Земете една лажица од оваа паста два пати на ден.

Спанаќ

Само половина китка спанаќ е сè што ви треба за да ја зголемите крвната слика. Богат е со витамини А, Б9, Е, Ц, железо, калциум и бета каротен. Вклучете го овој зеленчук во вашата секојдневна исхрана, но погрижете се да го сварите, бидејќи така ќе го намалите нивото на оксална киселина која ја спречува апсорпцијата на железото. Користете го на различни начини.

Збогатете го вашиот ручек со салата од спанаќ на пареа со целер, брокула или кељ. Можете да направите и супа: сварете половина китка спанаќ со шолја вода, зачинете со вашите омилени зачини и јадете ја супата два пати на ден. Можете дури и да направите сок. Додадете две лажички мед во чаша вода од готвењето на спанаќот. Пијте го овој сок секој ден.

Домати

Не е доволно само да имате доволно железо, вашето тело исто така треба да го апсорбира. Доматите се одлично решение за подобра апсорпција на железото. Богат е со витамин Ц и ликопен.

Јадете го свеж, во салати, сендвичи и пијте по една чаша сок од домати секој ден.