Се*си Прија! Фотографијата од голата пејачка ги запали социјалните мрежи! (ФОТО 18+)

На социјалната мрежа Х се појави фотографија од пејачката Александра Пријовиќ на која е гола, а истата пред речиси десет години ја објави неделен весник.

Александра Пријовиќ се најде во центарот на скандал последните денови откако како бомба пукна веста дека Филип Живојиновиќ и долгогодишниот менаџер на пејачката Данијел Блажиќ Блашко се степале на забава.

Иако денес важи за една од најпопуларните пејачки на помладата генерација и, се чини, кариерата ја води без скандали, фотографијата на Прија на која позира целосно гола, ја објави еден неделен магазин во 2010 година.

Имено, Пријовиќ се фотографирала во огледало, без ниту едно парче облека, а она што е забележливо е дека нема силиконски гради, ниту пак филери во устата.

Иако фотографијата не предизвика голем одзив во јавноста, бидејќи пејачката не беше толку популарна како сега, таа не ги спречи твитерџиите да се присетат на минатото на Прија.

Она што е интересно е што оваа фотографија ја објави фан страната на Милица Павловиќ, што ги подгрева гласините за нетрпеливоста на овие две пејачки. Сепак, фотографијата од овој профил беше брзо отстранета без никакво објаснување.

Инаку, Александра пред неколку години ја коментираше оваа фотографија и тврдеше дека „некои медиуми се обидуваат да ја наместат“:

– Сликата е монтажа со која некои медиуми по којзнае којпат се обидоа да ме понижат – изјави еднаш за „Блиц“ Александра Пријовиќ.

Да потсетиме, како што објавија медиумите, на неодамна одржаната прослава на Аце Пејовиќ, наводно дошло до инцидент кога Филип Живојиновиќ и Блашко се степале поради сè почестите приказни за аферата меѓу Александра Пријовиќ и нејзиниот менаџер.