Унгарците направија шокантен потег: Поради ситуацијата во Украина, армијата се подготвува: Ова нè натера поинаку да гледаме на ситуацијата

Началникот на унгарскиот Генералштаб денеска најави дека Унгарија во ноември ќе ги спроведе најголемите воени вежби во земјата. Причината, како што се вели, е ситуацијата во Украина, која, инаку, е сосед на Унгарија на исток.

– Промените во безбедносната сфера во Унгарија нè принудија поинаку да гледаме на ситуацијата – изјави врховниот командант на Генералштабот.

Според него, по почетокот на борбите во зоната за специјална воена операција во Украина, било неопходно да се размрда војската која била навикната на мирни услови.

– Потребно беше да се коригира нивната подготовка и да се зголеми борбената готовност, со цел да се обезбеди добро опремени одбранбените сили, како и да се способни брзо да реагираат.

Генералот се осврна и на последните две воени вежби и рече дека тие ги покажале слабите точки на унгарската армија, така што властите сега знаат на што треба да се работи.

– Во ноември ќе одржиме значително поголеми вежби за време на кои не само што ќе спроведеме воени маневри во осум населени места, туку ќе ја процениме можноста за соработка меѓу унгарските одбранбени сили и цивилната администрација – објасни тој.

Коментирајќи ја украинската криза, Будимпешта сепак нагласува дека сакаат мир и дека се на страната на мирот.

Последен пат Унгарија организираше големи воени вежби во 2015 година. Тогаш причина беше миграциската криза, објаснува руски ТАСС.