ОТКРИЕНО ЗОШТО АВИОНОТ СЕ ЗАПАЛИЛ НА АЕРОДРОМОТ ВО ТОКИО! Во него имало 379 лица, пожарникарите се борат да го изгасат пожарот (ВИДЕО)

Јапонскиот јавен сервис NHK објави, повикувајќи се на локалните власти, дека авионот на Japan Airlines, кој се запалил при слетувањето на аеродромот Ханеда во Токио, најверојатно се судрил со друг авион.

Би-би-си јавува дека тоа се случило откако авионот се запалил по слетувањето .

NHK објави дека пожарникарите се борат да го совладаат пожарот.

Авионот бил на летот JAL 516, кој пристигнал од Хокаидо.

Скај њуз јавува дека „Јапан ерлајнс“ ги евакуирала сите 379 патници и членови на екипажот, како и дека авионот се судрил со авион на крајбрежната стража.