ГОЛЕМИ ТЕНЗИИ НА ПОЛУОСТРОВОТ – Северна Кореја: “Дури 800.000 граѓани потпишаа дека се подготвени да војуваат против САД!“

Северна Кореја тврди дека околу 800.000 нејзини граѓани доброволно се приклучиле на армијата за да се борат против Соединетите Американски Држави (САД), објави во петокот државната телевизија.

Само во петокот, околу 800.000 студенти и работници изразија желба да се пријават во армијата за да се одбранат од САД“, пишуваат тамошните медиуми

Соопштението дојде откако Северна Кореја во четвртокот лансираше интерконтинентална балистичка ракета како одговор на американско-јужнокорејските воени вежби.

Севернокорејските балистички ракети се забранети со резолуции на Советот за безбедност на ОН, а последното лансирање беше осудено од владите во Сеул, Вашингтон и Токио.

Јужнокорејските и американските трупи во понеделникот започнаа 11-дневни вежби под името – „Штитот на слободата 23“, на размери што не се забележани од 2017 година.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги обвини САД и Јужна Кореја дека ги зголемуваат тензиите со воени вежби.