ОТКРИЕНО КАКО ПОЧИНА ВАЊА!? Наодите од обдукцијата ги демантираат шпекулациите, Палчо се уште е осомничен за УБИСТВО
Вања Ѓорчевска (14) била убиена од истрел од пиштол, се вели во обдукцискиот извештај на Судска медицина, дознава Скопје1.
Наодот, на кој се работеше 17 дена, ги демантира гласините во медиумите, но и коментарите на професорот по криминологија дека девојката можеби се задушила во вреќа во која била заробена при киднапирањето.
Тоа би значело дека Вања била жива додека била во автомобилот додека не била однесена до местото каде што била застрелана .
Во истрагата останува непроменет фактот дека во Вања пукал осомничениот Љупчо Палевски-Палчо .
По пукањето, Вања била погребана во атар на селото на место кое е мини-депонија. Според неофицијални информации до кои дојде Скопје1 од Судска медицина, Вања бил застрелана во пределот на главата.
Експерт за куршуми ќе треба да одговори од какво оружје е истрелано.
Обвинителот што го истражува случајот во петокот го добил извештајот од лекарскиот вештак. Тој дава одговори на голем број отворени прашања поврзани со киднапирањето и убиството на Вања. Според официјалните податоци доставени од институциите врз основа на информациите и изјавите на осомничените кои ја признале вината, од киднапирањето до убиството на девојчето поминале два часа и 40 минути.
Според доказите, вклучително и податоците од обдукцијата, ќе се утврдува натамошниот тек на истрагата.
Ќе бидат распишани дополнителни налози за обезбедување материјали, вештачење на лица кои можеби имаат одредени сознанија.
Меѓу другото, наодот може да биде пресуден и за квалификацијата на кривичните дела за кои сега ќе се гонат осомничените.
Скопје1 објави дека списоците со телефонски оператори, телефонски и компјутерски уреди, отпечатоци од прсти се само дел од предметите кои дваесетина дена ги анализираа истражните органи, како дел од истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
За овој случај од почетокот на истрагата на Обвинителството до сега нема нови осомничени освен шестмина, од кои петмина се во притвор повеќе од половина месец.
Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека е планер, организатор и извршител на две убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на две жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, е осомничен дека на Палчо му дал информации за времето кога неговата ќерка излегува од зградата и оди на училиште. Последен осомничен е Стефан Димковски, кој е уапсен бидејќи му помогнал на Палчо да избега бидејќи отишол во Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.
Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор. Информациите од Турција говорат дека се ангажирани врвни адвокати да го прологираат испорачувањето. Министерот Спасовски е оптимист дека целата работа ќе биде завршена и дека има план како тоа да биде реализирано.
Во последната емисија Во Центар која е наменета за тие кои се мембери ( членови ) на Јутуб каналот Васко Ефтов беше направена анализа на врските на Палевски со таткото и до дедото на убиеното девојче. Беа презентирани ексклузивни информации.