Откриено како таткото на малата Вања реагира на прозивките во затвор: Зборовите на еден осомничен ги разбесни затворениците
Еден од осомничените за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска го открил мотивот за убиството на девојчето.
Како што денививе се зборува, во затворот Шутка, каде што се наоѓаат четворицата осомничени, меѓу кои и таткото на Вања, настанал „хаос“ кога затворениците дознале дека доаѓаат осомничените за убиството на девојчето.
Осомничените биле „пречекани на нож“, а управата морала сите да ги смести во посебни ќелии, за да нема инциденти со другите затвореници.
Сепак, другите затвореници, наводно, постојано им викаат: „Како можевте да убиете дете!?“, „Зошто убивте дете!?“.
Наводно, осомничениот Велебор Манев одговорил: „Ми требаа пари за свадбата на мојата ќерка”, што предизвика гнев кај затворениците.
Истото прашање затворениците му го поставиле и на таткото на убиеното девојче, Александар, но, тој молчи откако е префрлен во притвор.
Да потсетиме, малата Вање беше киднапирана и убиена на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември во атар на едно скопско село.
Досега неколку лица се уапсени под сомнение дека се вмешани во киднапирањето и убиството, меѓу кои и таткото на Вања. Главниот осомничен Љупчо Палевски Палчо е уапсен во Турција и се очекува да биде екстрадиран во Северна Македонија.