Откриено колку долго ќе трае израелската војна против Хамас: „Овој одмор ќе биде краток“

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека кога ќе заврши привременото примирје со палестинската милитантна група Хамас, армијата ќе продолжи со интензивните борби најмалку уште два месеци .

„Она што ќе го видите во наредните денови е првото ослободување на заложниците. Овој одмор ќе биде краток“, рече Галант.

Говорејќи пред војниците на поморската единица командоси Шајет 13, Галант им наредил да се подготват за продолжување на борбата за време на паузата, пренесува „Тајмс оф Израел“.

„Она што се бара од вас за време на паузата е да се организирате, да се подготвите, да истражувате, да испорачате оружје и да се подготвите да продолжите. Ќе има продолжение, бидејќи треба да ја финализираме победата и да дадеме поттик за следните групи заложници, кои ќе се врати само под притисок“, рече израелскиот министер.

Според него, и по завршувањето на периодот на интензивни борби, ќе има многу операции во кои единицата Шајет 13 ќе има што да прави, додека не се отстрани воената закана од Појасот Газа .