ОТКРИЕНО КОЈ ЌЕ ЈА ДОБИЕ ЗЛАТНАТА ТОПКА – Ова би се случило за првпат во историјата на фудбалот: Познат новинар го објави името на добитникот

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, кому му се верува многу, објави кој ќе ја добие Златната топка за најдобар фудбалер во 2023 година.

Доделувањето на наградата е закажано за 30. октомври во Париз, а според Фабрицио Романо, наградата дома ќе го однесе Лионел Меси.

Лионел Меси

Моментално оваа престижна награда е во рацете на Карим Бензема и не би било изненадување доколку Лионел Меси повторно ја освои.

Тоа би било рекордна осма Златна топка за Аргентинецот. Тоа би било првпат во историјата Златната топка да ја освои некој што е член на неевропски клуб, бидејќи Лионел Меси игра за Интер Мајами.

Јасно е дека Лионел Меси е фаворит за Златната топка пред се затоа што ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во Катар.