Откриено што имало во апчињата кои Ѓоковиќ ги пиел во финалето против Алкараз: По нив се крена како феникс и ја освои титулата!

Во еден момент се чинеше дека Ѓоковиќ ќе се откаже, но во преносот можевме да видиме како одмавнува со главата, што очигледно потврди дека не сака да се откаже. Потоа на следната пауза докторот му дал апчиња кои ги голтнал, а се чини дека имаат врска со болките низ кои поминува српскиот тенисер. Сепак, откако што ги земал, успеал да направи брејк во вториот сет и да го израмни резултатот, со што натпреварот повторно беше многу неизвесен.

Во првиот сет, при водство од 5:4, Новак му се развика на својот тим, барајќи суплемент. Новак е во години кога енергијата се губи многу побрзо отколку пред седум-осум години кога беше во најдобра можна форма, а на паузите меѓу натпреварите се почесто користи креатин. Токму тоа му недостигаше покрај клупата на една од паузите, што го исфрли од такт, па им викаше на тренерите што побрзо да му го донесат овој додаток.

Што е креатин?
Креатинот е супстанца која природно ја произведува нашето тело како извор на енергија за мускулите и се синтетизира во црниот дроб, но и во панкреасот и бубрезите. Креатинот се формира во телото од амино киселините Аргинин, Метионин и Глицин и произведува хемиска енергија – АТП (аденозин трифосфат).

Телото на просечен човек произведува до 2 грама креатин дневно. Значи, она што е најважно за нас, креатинот промовира обновување на АТП кој се користи при работа на мускулите, што би значело дека со негово дополнување постигнувате продолжена работа, т.е. поголема сила и подобра издржливост.

Креатинот се внесува и преку храната и најмногу го има во црвеното месо и рибата. 98% од внесениот креатин се депонира во мускулите, додека останатиот дел се депонира во мозокот, срцето и другите органи, а вишокот креатин се излачува преку бубрезите во форма на креатинин.