ОТКРИЕН НОВ МАСАКАР ВО ЈУЖЕН ИЗРАЕЛ – Армијата пронашла повеќе од 200 тела на мртви цивили: Терористите на Хамас ги убивале, а на децата им биле отсечени главите…

Телата на 200 Израелци наводно убиени од Хамас се пронајдени во Кибуц Кфар Аз во јужен Израел.

Ова го пренесува ТВ каналот i24NEVS, кој се повикува на информации од спасувачи од организацијата ЗАКА. Меѓу жртвите има околу 40 деца. Телевизискиот канал наведува дека на некои деца им биле отсечени главите.

Претставниците на медиумите биле поканети во вторникот да го обиколат местото на уништување во Кибуц Кфар Аз, кое беше уништено од Хамас во раните часови на инвазијата.

Војниците наидуваат на незамисливи ужаси додека ги отстрануваат телата на жртвите и известуваат дека мирисот на смртта е насекаде.