ОТКРИЕН ПОЛОТ НА БЕБЕТО НА НАОМИ КЕМБЕЛ: Познатата манекенка доби второ дете на 53 години! „Никогаш не е доцна да се биде мајка“

Супермоделот Наоми Кембел го роди своето второ дете на 53-годишна возраст. Славната манекенка ја сподели радосната вест во четвртокот, коментирајќи дека „никогаш не е доцна да се стане мајка“.

“Драги мој, знај дека си ценет и сакан и опкружен со љубов од моментот кога не благослови со твоето присуство. Вистински дар од Бога, вистински благослов. Добредојде мое момче. Никогаш не е доцна да се биде мајка”, таа напиша на Инстаграм.

Наоми објави и фотографија на која од глава до пети го држи своето мало синче облечено во бело, а се гледа нејзината прва двегодишна ќерка како му ја подава раката на новородениот брат.

Да потсетиме, во мај 2021 година, манекенката го дочека своето прво дете, ќерка чие име никогаш не го соопшти во јавноста. Таа ги шокираше фановите со тоа што не откри како бебето дојде на свет, но инсистираше дека тоа не е посвоено.

Наоми Кембел, Оскар

„Таа не е посвоена, таа е мое дете“, изјавила Наоми во интервју за британски „Вог“ и додала дека на една рака може да смета на бројот на луѓе кои знаеле дека таа планира да стане мајка.

Се претпоставува дека станува збор за сурогат мајчинство, со оглед на тоа што само неколку дена пред да се роди нејзината ќерка, Кембел прошетала на пистата на модната недела во Њујорк без видлив труднички стомак.