Официјален Кремљ конечно проговори за прашањето за кое светот зуи веќе една година: “Тоа е уште една лага!“

Официјален Кремљ во понеделникот ги отфрли сугестиите дека претседателот на Русија, Владимир Путин, има и користи двојник за јавните настапи.

Веројатно сте слушнале дека Владимир Путин наводно има многу двојници кои работат за него додека тој седи во бункер“, изјави потпаролот на Кремљ, Димитриј Песков и додаде: „Гледате каков претседател имаме. Беше, и се уште е мега-активен. Ние што работиме со него тешко можеме да го следиме“.

Неговите зборови уследија по повторените сугестии во светските медиуми дека Владимир Путин всушност е претставен од некој што се појавува на негово место во јавноста.

Последните обвинувања се појавија откако беше објавено дека Владимир Путин отпатувал во Украина за да ги посети воените зони под руска окупација.

Тоа не беше вистинскиот Владимир Путин“, напиша на социјалните мрежи минатата недела Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност на Украина.

Тогаш официјален Кремљ го отфрли неговото тврдење.

Нема докази дека двојникот се појавува на официјалните средби на Владимир Путин!“.