ОФИЦИЈАЛНО – Бундестагот ќе донесе резолуција за поддршка на членството на Северна Македонија во ЕУ и потврда на македонскиот јазик и идентитет

Германскиот Биндестаг в четврток ќе расправа и ќе гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, на македонски јазик и македонскиот идентитет.

Резолуцијата насловена „Активно поддржете ја Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП.

Во германскиот Парламент ќе се дебатира и за други документи во чиј фокус е евроинтергацијата и ситуацијата на Западен Балкан.

Германски пратеници ќе побараат од федералната Влада да постигне на ниво на ЕУ согласност дека изгледите за пристапување во ЕУ за Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија се „недвосмислени, веродостојни и поткрепени со опиплив напредок“.

Покрај тоа, се предлага со земјите кандидати да се договорат меѓучекори за поблиски врски со ЕУ на патот кон ЕУ, како што е асоцијативното членство во заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика без право на глас и начин за пристапување кон внатрешен пазар на ЕУ во замена за реформи и спроведување на критериумите од Копенхаген, како и напредок во владеењето на правото.

Се бара категорично да биде одбиено секое поместувањата на границите на земјите од Западен Балкан, како и нивно приклучување во НАТО, засилена борба против корупцијата, продолжување на „Берлинскиот процес“ за регионална соработка и реформи во рамките на ЕУ за да се обезбеди нејзиниот иден капацитет за прием на нови членки.

Германскиот Бундестаг заедно со трите Берлински универзитети секоја година доделува стипендии на дипломирани младинци да учествуваат во петмесечна програма за запознавање со политичкото одлуч

Во документите предложени во Бундестагот се вели и дека Западен Балкан останува „регион на латентна нестабилност“.

Руската агресивна војна против Украина ја истакна ранливоста на границите во срцето на Европа, како и фактот дека замрзнатите или наводно просторно ограничените конфликти можат брзо да ескалираат и да се шират. Ваквите конфликти ја загрозуваат стабилноста и интересите на ЕУ. И покрај големиот напредок во последните децении, Западен Балкан останува регион на латентна нестабилност, каде организираниот криминал, корупцијата и слабото судство се широко распространети, сметаат германски парламентраци“.

Во регионот, како што се нагласува, се уште опстојуваат и етничките и верските прашања.

Во сопствен интерес на ЕУ е шесте држави од Западен Балкан Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија – кои сè уште не се членки на ЕУ, но се директно опкружени со земји-членки на ЕУ, да постигнат долгорочна стабилност, владеење на правото, мирно решавање на споровите, цврсти демократски структури и економски просперитет.  За да се случи тоа, овие земји мора да се влучат во ЕУ“, стои во документот за кој во четврток ќе се расправата и ќе се гласа во германскиот Бундестаг.

Парламентарецот Борис Мијатовиќ (Зелени) во врска со предложената резолуција во Бундестагот, во изјава за емисијата 360 степени дека – „македонскиот јазик е добредоједен, македонскиот народ е добредојден, државата Северна Македонија е добредојдена да и се приклучи на ЕУ“.

Неговиот колега од ФДП Томас Хакер, пак, нагласува дека сега има можност за забрзување на процесот на прием на нови членки во ЕУ и таа треба да се искористи.

Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела, по одржаната лидерска средба, најави дека голема земја членка на ЕУ ќе донесе резолуција за недвосмислено признавање на македонскиот јазик и идентитет, кој, кажа дека е верификуван со тоа што е влезен во преговарачката рамка.

Го потпишавме договорот ФРОНТЕКС на македонски јазик, каде што стојат сите други јазици на ЕУ одоборен од сите земји членки на ЕУ. Сите вие кои што бевте присутни на првата меѓувладина конференција, можевте да видите на кабините за превод дека јасно стоеше македонски јазик, билатралниот скрининг кој се одвива во ЕУ во моментов 80% се одвива на македонски јазик и законодавството на ЕУ се преведува на македонски јазик. Со тоа, обврската која ја презеде ЕУ во однос на признавањето на јасен, чист македонски јазик без никакви додавки и фусноти или појаснувања го исполнува како преку состаноците, документите, така преку сите јавни настапи. Тука сакам да споделам уште нешто, а тоа е дека една голема европска земја, една од најголемите, членка на ЕУ во текот на наредните недели ќе донесе резолуција со која се потврдува дека се препознава и признава недвосмислено македонски јазик, идентитет и македонска култура кои сметаат дека ќе го збогати европскиот идентитет и тоа ќе биде направено од страна на нивниот парламент како врвно законодавно тело во оваа држава“, истакна Ковачевски.