ОФИЦИЈАЛНО – Надминат е проблемот со картичките на VISA и MasterCard

Надминат е проблемот поврзан со картичките на VISA и MasterCard, соопшти попладнево Македонската банкарска асоцијација.

Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за трпението и разбирањето“, стои во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.

Оттаму денеска информираа дека дел од услугите поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија, но дека средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали. Причината за проблемот, како што информираа, не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.