ОЧАЈНИОТ ПОТЕГ НА ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ – Го замени најважниот човек за оружје во Украина – еве кој доаѓа на негово место

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го разреши Јури Хусјев, директорот на „Укроборонпром“, државниот конгломерат за оружје, од функцијата, според декретот објавен во вторникот.

Јури Хусјев таа должност ја извршуваше од декември 2020 година.

Украинските медиуми јавуваат дека негов наследник ќе биде 31-годишниот Херман Сметанин, кој води фабрика за оклопни возила во Харков. Засега нема официјална потврда од кабинетот на Володимир Зеленски за промената или евентуалната причина за промената.

Украинските медиуми, објавија дека Володимир Зеленски очекувал Јури Хусјев да го зголеми производството на балистичкиот ракетен систем со краток дострел „Sapsan“, но тоа не се остварил.

За потсетување, досега Украина најмногу се потпираше на ракетите од западните сојузници.