Паднал во бунар и тешко си ја повредил „гордоста“: Сега подготвува тужба против водостопанството, а ова е причината
При прегледот е потврден сериозен хематом
Работник во водовод од руски Башкортостан е тешко повреден.
Паднал во бунар и си го згмечил пенисот. Кога им кажал на менаџерите за инцидентот, му било советувано „да си оди дома наместо да оди во болница и да не кажува ништо“, тврди страницата на Телеграма SHOT .
Младиот човек наводно три дена имал болки, а кога сфатил дека повредата нема да зарасне до свадбата, побарал лекарска помош.
Во болницата рекол дека паднал од оградата, а при прегледот бил потврден сериозен хематом на гениталниот орган, пренесува Zhizn.ru.
Му кажале дека ќе ја изгубил „гордоста“ доколку дојдел неколку дена подоцна.
Тамошните медиуми јавуваат дека тој потоа решил да се обрати до локалниот суд.
Тој бара да одговараат неговите менаџери, бидејќи можел да остане инвалид и – без деца.
Инцидентот наводно се случил во градот Сибаи на 14 јуни.