ПАДНА КАКО КАПКА! ХРВАТСКАТА ПЕЈАЧКА СЕ СРУШИЛА НА СЦЕНА, после ова настана МОЛК (ФОТО)

Откако паднала, Северина не можела да ја сокрие смеата и продолжила со настапот.

Пејачката Северина Вучковиќ доживеала несреќа за време на настап во клуб во Загреб.

Имено, пејачката паднала за време на изведбата на кореографијата, а потоа се пошегувала на своја сметка.

– Имав кореографија за да се фрлам во публиката, но кореографијата се случи малку порано… Всушност, ова го правам секогаш кога сакам да одморам на сцената… – се пошегувала Северина на своја сметка.

Откако паднала, Северина не можела да ја сокрие смеата, па продолжила со настапот.

– Ова мораше да се случи вечерва, каде сте, уште ли сте на нозе? – им се обрати таа на присутните.