Пад на цените на недвижностите во ЕУ за 1,5 отсто

– Цените на недвижностите во ЕУ паднаа за 1,5 отсто во последниот квартал од минатата година во однос на претходниот квартал, што претставува прв пат од 2015 година цените на недвожностите во земјите на ЕУ да паднат на квартално ниво.

Цените на недвижностите во Европската Унија (ЕУ) паднаа за 1,5 отсто во последниот квартал од 2022 година во споредба со претходниот квартал.

Европскиот завод за статистика (Евростат) ги објави податоците за цените на недвижностите во четвртиот квартал од 2022 година.

Според најновите податоци, цените на недвижностите во ЕУ паднаа за 1,5 отсто во последниот квартал од минатата година во однос на претходниот квартал, што претставува прв пат од 2015 година цените на недвожностите во земјите на ЕУ да паднат на квартално ниво.

Сепак, цените на становите во ЕУ се зголемени за 3,6 отсто во споредба со истиот период во 2021 година.

Во истиот период цените на становите во еврозоната паднаа за 1,7 отсто во однос на претходниот квартал, а пораснаа за 2,9 отсто на годишно ниво.

Во Данска, во четвртиот квартал од 2022 година, во однос на претходниот квартал, е забележан раст на цената на недвижностите од 6,5 отсто, што е највисок во ЕУ, потоа Германија со 5 отсто, Кипар 4 отсто, Шведска 3,6 отсто, Финска со 3,4 отсто и Холандија со 2,6 отсто.

Цените на недвижностите во Италија останаа стабилни, а најголем раст на цените е забележан во Хрватска со 4,7 отсто и Романија со 2,5 отсто.