Палестинка ослободена по 8 години: На излегување добила опомена: Ако го направи ова, веднаш се враќа во затвор (ФОТО)

Мара Бејкер, која беше уапсена во 2015 година кога имаше 16 години, денеска беше ослободена од израелскиот затвор Офер. Бејкер изјави за Ал Џезира дека на многу ослободени затвореници им е потребна медицинска помош. Не е јасно зошто Бејкер била во затвор.

„Сите затвореници претрпеа тешка медицинска негрижа“, рече таа, додавајќи дека при апсењето била застрелана во раката.

Бејкер вели дека утрово била известена дека ќе биде ослободена од затвор. Таа за Ал Џезира изјавила дека полицијата, меѓу другото, направила ДНК тест пред да ѝ кажат дека не смее да слави откако била ослободена.

„Малку сум нервозна и запрепастена. Не ми се верува дека сум излезена“, рече таа.

Мара Бејкер

Бејкер тврди дека полицијата ги известила другите затвореници кои сега се ослободени дека повторно ќе бидат уапсени доколку има некакви прослави и ако се веат знамиња по нивното ослободување.

Нејзиниот татко изјави за Ал Џезира дека бил повикан во полициска станица претходно денеска и дека му се „заканувале да не одржува прослави или да покажува знаци на радост“ по ослободувањето на неговата ќерка.