Памела Андерсон пристигнува во Србија за да снима филм, а се шпекулира за сумата што треба да се одвои за неа

Третиот дел од филмот „Јужен ветер“ треба да започне со снимање веќе летово

Српските медиуми јавуваат дека познатата холивудска актерка Памела Андерсон (55) пристигнува во Србија по нова улога! Имено, таа треба да му се придружи на српскиот актер Милош Биковиќ (35) во третиот дел од хит филмот „Јужен ветер“. Ѕвездата од серијата „Baywatch“ ќе глуми покрај холивудските гиганти  Ерик Робертс  (66) и  Вилијам Болдвин  (60) , а нејзиното појавување во продолжението не е изненадување бидејќи ги има истите агенти како Робертс и Болдвин, пренесуваат локалните медиуми.

Инаку, актерот Вилијам Болдвин глуми поранешен амбасадор кој останал во Србија  и кој како сопственик на консултантска фирма бил ангажиран од неговите поранешни газди да лобира на српската политичка сцена. Потоа се среќава со поранешен соработник, кој го игра актерот Ерик Робертс, кој работи за нафтен конгломерат и има за цел да ја спречи зависноста на Западна Европа од рускиот гас.

Засега не се знае која улога ќе и припадне на Памела, а на продуцентите не им било дозволено ниту да го кажат името, но откриле дека се работи за голема ѕвезда. 

– Точно е дека во продолжението ќе има голема ѕвезда. Не сакаме да го објавиме нејзиното име додека не почне снимањето – изјави кусо за Курир продуцентката Татјана Жежељ Гојковиќ.

Третиот дел од филмот треба да започне со снимање веќе летово. 

А Курир пишува и дека продуцентите треба да одвојат од 50.000 до 1 милион евра за доаѓањето на светските ѕвезди. Актерите тогаш не добивале плата по ден на снимање, туку цела недела. Нивниот договор вклучува пет дена снимање, проба на костими и прес-конференција. Цената на Памела за поголема улога моментално не е повисока од 100.000 евра неделно, пишуваат медиумите.

Милош е еден од најдобрите српски актери од помладата генерација, а во регионот актерот ужива статус на ѕвезда. Многумина му ласкаат дека е најзгодниот српски актер. Негов голем обожавател е рускиот претседател  Владимир Путин, кој во 2018 година му ја додели руската државна награда – Пушкин медал за достигнувања во уметноста и културата, образованието, хуманистичките науки и литературата, а неодамна доби и руско државјанство.