Паметниот човек овие две работи мора да ги задржи за себе: Најпознатиот психијатар тврдеше дека вака се заштитувате од завидливи(те) луѓе

Зигмунд Фројд, основачот на психоанализата, е еден од највлијателните мислители во областа на психологијата. Благодарение на неговиот револуционерен пристап кон проучувањето на човечкиот ум, тој дошол до неверојатни откритија кои трајно влијаеле на бројни општествени науки. Неговиот метод на лекување беше насочен кон откривање на несвесните мотиви кои влијаат на однесувањето на поединецот.

Идеите на Фројд не само што го обликуваа полето на психологијата, туку оставија и свој белег на литературата, филозофијата и другите гранки на човековата мисла.

Следниве 2 негови мисли се исклучително важни за животот на еден поединец, па би било добро секој од нас да ги прочита многу внимателно и да размисли за нив. Тие даваат знаци кои можат да нè спасат од завидливите луѓе.

1. „Ако сакате да си ги уништите сопствените планови – кажете му на целиот свет за нив“.

Зигмунд Фројд

Фројд верувал дека проблемот не лежи во влијанието на другите луѓе, туку во нас самите: „Штом зборувате за вашите планови, добивате одобрение споредливо со нивните достигнувања. Мозокот ја губи мотивацијата, страста и интересот “.

Зборувањето за планови веќе ја исцрпува мотивацијата и се губи интересот за спроведување на планот (нашиот мозок се регистрира како веќе да има направено многу работи). Би било паметно повеќето од плановите да ги задржите за себе.

2. „Луѓето секогаш ги споредуваат вашите успеси со нивните, а ако вашите успеси се подобри, луѓето ќе се чувствуваат полошо. Ако сакате да создадете непријатели и завидливи луѓе околу вас, само почнете да зборувате за вашите победи“.

Секако дека треба да бидете горди на себе и своите достигнувања и не треба да ги криете. Но, внимавајте кога зборувате за вашите успеси, за да не навлегувате во фалење и предизвикување завист и љубомора. Внимавајте со кого разговарате за да не ги изгубите пријателите.

Слично правило важи и за неуспесите и неволјите во животот. Ако постојано зборувате за себе и за својот живот во негативен контекст, наскоро ќе бидете опкружени со енергетски вампири кои се хранат со туѓата несреќа.