Паника во Бангкок, зградите распукани, наредена итна евакуација! Нова драма во главниот град на Тајланд неколку дена по катастрофалниот земјотрес во Мјанмар (ФОТО)

Во главниот град на Тајланд, Бангкок, утринава се евакуирани неколку згради по извештаите за појава на вибрации и пукнатини во нив.

Бангкок пост пишува дека евакуација била наредена околу десет часот по локално време.

Се известува дека, меѓу другото, биле изнесени вработени во зградата на владиниот комплекс на улицата Ченг Ватана, како и во Министерството за труд во округот Дин Денг и судската палата лоцирана на улицата Рачадаписек.

x02 АП Сакчаи Лалит.jpg

Луѓето беа евакуирани од седиштето на владината банка во областа Хуаи Куанг и Канцеларијата за социјална заштита во Дин Денг.

Пријавени се вибрации и забележани се пукнатини во зградите во владиниот комплекс и тајландското Министерство за труд.

x EPA Usgs Handout.jpg

Соседниот Мјанмар во петокот беше погоден од земјотрес со јачина од 7,7 степени по Рихтер, по што следеше земјотрес со јачина од 6,4 степени, а облакодер во изградба во Бангкок се урна при првиот земјотрес.

Во земјотресот загинаа повеќе од 1.700 луѓе во Мјанмар и најмалку 18 луѓе во Тајланд, а конечниот биланс на жртви се уште не е утврден.