ПАНИКА ВО ЕВРОПА – Некои членки на НАТО загрижени од Вагнер во Белорусија: “Ако пристигнат тие убијци, ќе биде опасно!“

Источноевропските земји на НАТО предупредија во вторникот дека преместувањето на руските платеници од групата Вагнер во Белорусија ќе создаде поголема регионална нестабилност, но генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, уверува дека Алијансата е подготвена да се брани од каква било закана.

Доколку Вагнер ги распореди своите сериски убијци во Белорусија, сите соседни земји се соочуваат со уште поголема опасност од нестабилност“, вели литванскиот претседател Гитанас Наузеда по состанокот во Хаг со Јенс Столтенберг и претседателите на владите на шест други сојузници на НАТО.

Ова е навистина сериозно и многу загрижувачко и мораме да донесеме многу силни одлуки. Ова бара многу, многу силен одговор од НАТО“, додаде полскиот претседател Анджеј Дуда.

Лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин, пристигна во вторникот во Белорусија според договорот што го преговараше претседателот на оваа земја, Александар Лукашенко, со кој во саботата беше ставен крај на платеничкиот бунт во Русија.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека на борците на Вагнер ќе им се понуди можност да се преселат таму.

Состанок на некои членки на НАТО како дел од подготовките за самитот во Вилнус на 11 јули

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во вторникот изјави дека е премногу рано да се шпекулира за ефектите од преселувањето на трупите на Вагнер во Белорусија, но нагласи дека Алијансата е подготвена да се брани од какви било закани.

Испративме јасна порака до Москва и Минск дека НАТО е тука да го заштити секој сојузник, секоја педа од територијата на НАТО“, нагласи Јенс Столтенберг.

Веќе го зголемивме нашето воено присуство во источниот дел на Алијансата и ќе донесеме дополнителни одлуки за дополнително зајакнување на нашата колективна одбрана со повеќе сили со висока готовност и повеќе способности на претстојниот самит“, додава тој.

Јенс Столтенберг вели дека бунтот покажал дека „нелегалната војна“ на Владимир Путин против Украина ги продлабочила поделбите во Русија.

Истовремено, не смееме да ја потцениме Русија. Затоа, уште поважно е да продолжиме да и даваме поддршка на Украина“, нагласува генералниот секретар.

Анджеј Дуда вели дека се надева оти заканата од силите на Вагнер ќе биде на дневен ред на самитот на сите членки на НАТО во Вилнус, Литванија, на 11-12 јули.