ВИДЕО | Позната пејачка изненадена од подарокот на нејзиниот фан: На сцената ја фрли пепелта на својата мајка !?

Познатата пејачка Пинк викендов на својот концерт во лондонскиот Хајд Парк доби необичен подарок.

На видеото објавено на социјалните мрежи, пејачката Пинк се гледа како зема пластична кеса полна со прашок среде изведувањето на „Just Like A Pill“.

“Дали е ова твојата мајка? Не знам како да се чувствувам со овој подарок”, праша запрепастената пејачка една ‘обожавателка’ од публиката.

Набргу потоа ја остави чантата до звучниците и продолжи со својата песна. Но, многумина беа збунети од погодувањето на Пинк што има во чантата, па медиумите се обидоа да контактираат со нејзините претставници за изјава. Сепак, тие не добија одговори.

Потсетуваме дека неодамна се случија неколку бизарни ситуации на настапите на светските ѕвезди. Најпрво еден од фановите на концертот на Бебе Реџа во Њујорк ја удрил со мобилен телефон, поради што пејачката се здобила со повреди на главата. Тогаш во Лос Анџелес на концертот на Ава Макс, еден обожавател реши да излезе на сцената и да и удри шамар.