ПАНИКА ВО ИСЛАНД! ГРАЃАНИТЕ ЈА ЧЕКААТ ЕРУПЦИЈАТА НА ВУЛКАНОТ: Градот изгледа страшно, лавата ни е под куќата! (ВИДЕО, ФОТО)
Сеизмичката активност и подземните текови на лава се интензивираа во изминатите неколку дена на полуостровот Рејкјанес, во близина на главниот град Рејкјавик, поради што властите пред шест дена евакуираа речиси 4.000 луѓе од рибарскиот град Гриндавик.
Според исландскиот метеоролошки центар, во последните 24 часа се регистрирани околу 200 земјотреси, па се уште постои голема веројатност за ерупција на вулкан.
Во последното известување од метеоролошкиот центар се наведува дека изворот на ерупцијата најверојатно се наоѓа северно од градот Гриндавик, во близина на планината Хагафел.
„Во последните 24 часа се регистрирани вкупно околу 2.000 земјотреси. Повеќето од нив се мали земјотреси под јачина од 1, но утринава во 6:35 часот е измерен земјотрес со јачина од 3 степени во Хагафел.
„Тоа е нереално“
„Тоа е како да седите во некој многу досаден филм, но сте заглавени таму, не можете да излезете од него. Тоа е нереално. Тешко е да се разбере“, изјави 62-годишниот Ејнар Дагбјартсон за Ројтерс. Тој е еден од евакуираните жители на Гриндавик.
Дагбјартсон рече дека не спие добро со денови, па постојано ги проверува вестите за да види дали ерупцијата започнала.
Дагбјартсон вели дека се надева дека ќе може да се врати дома и покрај се.
„И да потоне половина град, да преживее пристаништето важно за живот, се ќе биде изградено. „Ако пристаништето исчезне, тогаш нема повеќе живот овде“, рече тој.
„Никој веќе не живее овде“
„Никој веќе не живее овде. Од 3.800 жители, сега ги има нула“, изјави за Ројтерс Стефан Велемир, локален полицаец, додавајќи дека некои куќи се веќе целосно оштетени бидејќи земјотресите создале големи пукнатини на улиците и тротоарите во градот и од нив излегувала пареа.
„Им дозволуваме на луѓето да влезат во нивната куќа пет минути. Од секој дом по еден човек оди по пет минути и ги извршува сите потребни работи“, рече Велемир.
„Лава е под нашата куќа“
Ингибјорн Гретарсдотир за Ројтерс изјави дека морала да чека во ред пет часа, надевајќи се дека ќе се врати во градот за да ги собере работите од нејзиниот дом, кој е во црвената зона – област која се смета за најопасна и најблиску до местото каде што се очекува ерупција.
„Градот изгледа страшно. Многу е тешко да се оди таму и да се види сè. Лавата ни е под куќата… Не знаеме дали ќе имаме дом или што… Ништо не знаеме“, рече таа и откри дека нејзината куќа засега е во добра состојба, но земјата недалеку од куќата е потоната за околу 90 сантиметри.