ПАНИКА ВО РУСИЈА – Пентагон прави потег без преседан на Арктикот: “Ќе правиме што сакаме и кога сакаме!“

За време на редовна патрола во Беринговото Море минатата есен, екипажот на бродот Cutter Kimbal, брод на американската крајбрежна стража, забележал седум воени бродови кои се приближуваат до Алеутските острови, кои припаѓаат на сојузната држава Алјаска, во редовна формација.

Набрзо се покажало дека бродовите пловеле под руско и кинеско знаме, а меѓу нив бил и Nanchang, еден од најсофистицираните воени бродови на Кинеската Народно-Ослободителна Армија. Откако крајбрежната стража преку радио комуникација ги предупредиле дека влегуваат во територијалните води на САД, бродовите ја прекинале формацијата и ја напуштиле областа.

Во таа зона често патролираат бродови под секакви знамиња, но она што е невообичаено за тој регион да се види се заеднички организирани воени вежби“, објаснил пред редакцијата на весникот Wall Street Journal (WSJ), кој ексклузивно ја објави оваа приказна, американскиот адмирал Нејтан Мур, кој до неодамна служеше како командант на крајбрежната стража во Алјаска.

Имено, тој смета дека оваа епизода може да се протолкува само како недвосмислена порака од Москва и Пекинг дека Арктикот за нив станал од исклучително стратешко значење. Зошто ? Според проценките на истражувањето на USGS од 2008 година, околу 90 милијарди барели нафта би можеле да бидат скриени под арктичките глечери, што претставува околу 13 отсто од потврдените светски резерви.

До релативно неодамна, Арктикот беше област каде северните земји заеднички истражуваа бројни природни ресурси, внимавајќи да не се оштети специфичната биолошка разновидност на регионот и, можеби уште поважно, ниту една од земјите да не ужива конкурентска предност во однос на другите. Токму затоа, на крајот на краиштата, Арктичкиот совет е основан во 1996 година.

Бидејќи т.н. „специјална воена операција“ во Украина не напредува со темпото со кое Кремљ би сакал да напредува, режимот на Владимир Путин сака да го искористи секое оружје во својот арсенал за да не трпи порази на боиштата – а со тоа и власта да дојде до очекуваната конечна победа. Владимир Путин се надева дека во тоа би можела да му помогне геостратешката положба на Русија, чија територија опфаќа повеќе од 50 отсто од целиот Арктик.

Норвешката разузнавачка служба предупредува дека во последните месеци забележале зголемено присуство на руската морнарица на Арктикот. Сателитските снимки, чии податоци ги доби редакцијата на весникот WSJ, потврдуваат дека фреквенцијата на комерцијални и државни бродови кои пловат на Арктикот под руско знаме е зголемена за дури 22 отсто од 2018 година.

Иако Кина не е една од арктичките земји и како таква не седи на масата на споменатиот Арктички совет, во последните години не се ни обидува да ги скрие своите амбиции да ги прошири интересите на своето влијание на северот на Земјата, поради што со години бара изговор да ги испрати таму своите софистицирани воени бродови.

Пентагон, од друга страна, како и западните сојузници, не сакаат да се стават во ситуација со скрстени раце да го гледаат преполнувањето на кинески и руски воени бродови во неистражена област богата со енергија, која е под носот на неколку од членките на НАТО, поради што администрацијата на Џо Бајден работи на зајакнување на своето присуство на север.

Досега, имено, САД имаа ангажирано само еден мразокршач во областа на Арктикот, кој работеше само половина година. За споредба, Русија има повеќе од 30 мразокршачи мобилизирани на тоа подрачје, а таму се почесто се наоѓаат нуклеарни подморници.

Според документот што протече до редакцијата на WSJ, САД планираат во догледна иднина да започнат експедиција во Карското Море, а во тој контекст во проектот би можела да се вклучи и морнарицата на НАТО. Проектот се уште не е реализиран, но во документот се наведува дека Норвешка, една од членките на НАТО, веќе дала согласност да учествува во проектот.

Тоа е многу ризичен потег што Русија би можела да го протолкува како кршење на ограничувањата за користење на меѓународните територијални води во нејзиното непосредно соседство, но Пентагон нагласува дека – „САД ќе продолжат да летаат, пловат и оперираат во какви било меѓународни води што ќе ги процени неопходно“.