КАЗНИ ОД 100 € ДО 7.000 € – Црна Гора им објави „војна на узурпаторите на плажите“

 И Црна Гора ќе ги казнува туристите кои оставаат крпи но, и пластични шишиња на плажите. За прекршителите предвидени се високи парични казни.

Локалната управа на Тиват соопшти дека нема да толерира таква појава и упати апел до граѓаните да не оставаат предмети на плажите бидејќи предвидени се казни од 100 евра за физичко и до 7.000 евра за правно лице.

„Војна против узурпаторите на плажите“ се води и во Хрватска. Во далматинскиот град Градац, општинските работници секое утро упорно отстрануваат крпи и друга опрема. За оние кои ги прекршуваат овие правила се пропишани казни од 80 до 200 евра и до 1.300 евра за правните лица.