ФОТО | АЛЕКСАНДАР ЛУКАШЕНКО ЗАПОЧНА ДА РЕГРУТИРА МЛАДИ ДЕВОЈКИ – Тинејџерките воодушевени, а јавноста згрозена: “Толку млади, а веќе им е испран мозокот!“

Пропагандната војна на Кремљ и Владимир Путин досега главно се фокусираше на момчињата, но неодамна се префрли и на девојчињата, кои Русија се обидува да ги индоктринира и да ги вклучи во т.н. „борба за татковината“.

Најдобар пример за тоа е приморскиот крај на далечниот исток на Руската Федерација, каде ученичките на возраст од 15 и 16 години се вклучени во т.н. „воено-патриотско образование“.

Во едно такво училиште, наречено „Авангард“, во Приморско, околу 75 ученички веќе поминале воена обука, која вклучува часови за хемиска и биолошка и радијациона заштита. До крајот на годинава уште 300 девојчиња и 1.000 момчиња ќе бидат запишани на интензивните петдневни курсеви кои се сметаат за „вовед“ во вистинска мобилизација.

слика
Женска воена обука во Белорусија

Оваа информација беше протечена во јавноста во време кога бројките во Младинската Армија на Владимир Путин, која се споредува со младината на Адолф Хитлер, се зголеми на 1,4 милиони апликанти. Споменатата организација е обвинета за милитаризација на младите во Русија.

Љубовта кон татковината и одговорноста отсекогаш биле всадени кај младите низ Русија, без разлика на нивниот пол. Ви посакувам многу среќа и трпение, искористете го вашиот потенцијал и само напред“, им порача на девојчињата во Оксана Новикова, висок функционер за образование.

И во соседна Белорусија, дури и натпреварувачки за убавина се регрутирани за да ги инспирираат девојките и жените да се придружат и да се борат на страната на Александар Лукашенко, еден од најголемите сојузници на Владимир Путин, пишува Daily Mail.

Така натпреварувачките за „Мис Белорусија 2023“ мораа да посетуваат воен курс. Надежда Толстикова, која победи на натпреварот за топ модел на „Мис Белорусија 2023“, со ентузијазам изјави:

Впечатоците се едноставно неверојатни, веќе вежбав пукање со пушка! Ах, тој мирис на барут! Дефинитивно се враќам на пукањето“.

Полковник Сергеј Гребеников, заменик-командант на внатрешните трупи на белорускиот претседател Александар Лукашенко, вели дека целта на ваквите обуки е да се „гламуризира“ Армијата.

Девојките конечно ќе видат на што се способни нашите силни, угледни момчиња, тоа ќе ги инспирира да се приклучат на Армијата и безбедносните служби“, вели тој.

Но, дел од јавноста е згрозена од милитаризацијата на младите девојки.

Девојки, што правите ? Кој не нападна ? Адолф Хитлер ? Барак Обама ? Володимир Зеленски ? Или идиотизмот ? Тие девојки се само на прагот на животот, а веќе им го перат мозокот и ги подготвуваат за смрт… Ни следува воената индоктринација… Оваа војна веќе уби премногу луѓе – уште колку мора да умрат ?“, се само дел од коментарите на социјалната мрежа Телеграм.

слика
Женска воена обука во Белорусија