ПАНИКА НА ЈУГ! Можен изненаден напад на Северна Кореја!

Началникот на Генералштабот на јужнокорејската армија Канг Шин Чеол го известил Комитетот за национална одбрана на Парламентот дека Северна Кореја се подготвува за можност од ненадеен напад користејќи ја тактиката на палестинската група Хамас за време на нападот врз Израел.

– Според првичната проценка, ненадејната операција на Хамас беше успешна. Израел беше погоден од илјадници ракетни напади за краток временски период. Заштитниот ефект на Железната купола беше минимален –  изјави Канг, пренесува Јонхап. 

Тој додаде дека граничниот систем на Израел е неутрализиран и дека разузнавачките служби како Мосад не успеале да предвидат ненадеен напад.

„Изненаден напад, користејќи тактики на Хамас, вклучително и диверзификација на методите на напад и искористување на ранливости во напредните одбранбени системи е очекувано сценарио на кое Северна Кореја би можела да прибегне“, рече Канг, истакнувајќи дека Северна Кореја може да окупира гранична територија и да земе заложници за да ескалира  поттикна преговори.

Канг истакна дека артилерија со долг дострел и беспилотни летала може да се користат против изненаден севернокорејски напад.  Тој нагласи дека единиците во кои може да се инфилтрира по копно, море или воздух, може да се елиминираат преку одбранбени системи на предната база, интегрирани одбранбени операции, сили за противпоморски специјални операции и заеднички операции за противвоздушна одбрана. 

Тој исто така додаде дека дури и ако Северна Кореја нападне со голем број беспилотни летала, тие може да се идентификуваат и соборат преку заеднички операции за противвоздушна одбрана.

За време на средбата меѓу јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на 19 септември 2018 година, беше потпишан воен договор за намалување на тензиите на Корејскиот полуостров.

Оттогаш немаше сериозни судири меѓу двете земји, освен во ноември минатата година кога Северна Кореја истрела проектил на населен јужнокорејски остров во близина на поморската граница. 

Во јануари оваа година, пет севернокорејски беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на Јужна Кореја, а претседателот на земјата, Јун Сеок-Јол рече дека земјата може да го раскине договорот за намалување на тензиите со северниот сосед. 

По ненадејниот напад на Хамас врз Израел, јужнокорејскиот министер за одбрана Шин Вон-сик најави дека ќе бара суспензија на меѓукорејскиот воен договор од 2018 година за да продолжи да го следи движењето на севернокорејските трупи и да се подготви за можен напад.